Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, денеска е уапсен под сомнение за земање мито, потврдуваат извори блиски до истрагата за Плусинфо.
Акцијата ја спроведе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во координација со МВР и Управата за финансиска полиција.
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители и полициски тимови извршиле претреси на повеќе локации низ земјава поради сомневање за коруптивни активности.
Според првичните информации, Стоилев бил фатен „ин флагранте“ при примопредавање на обележани банкноти, кои му биле дадени како мито за доделување финансиска поддршка преку програмата ИПАРД.
Апликантот кој го пријавил случајот, а потоа соработувал со истражните органи, е поранешен министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Илија Стоилев, роден во 1967 година во Свети Николе, ја презеде функцијата директор на агенцијата во јули 2024 година. Тој е дипломиран земјоделски инженер и има работено како професор на Земјоделскиот факултет при УКИМ.
Во својата кариера бил и претседател на Совет на Општина Свети Николе, директор на Народниот музеј во Свети Николе и раководител во Министерството за земјоделство.
Од ОЈО ГОКК најавуваат дека истрагата е во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени по завршување на првичните мерки.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...