Skip to content

Уапсен скопјанец кој изнудувал 15.000 евра со закани кон жена од странство

1 мин. читање
Сподели

Основното јавно обвинителство – Скопје отвори постапка против 37-годишен жител на главниот град, осомничен дека два месеца изнудувал пари од жена која живее во странство. Според обвинителството, тој и упатувал сериозни закани по животот, како и по животот на нејзините блиски – мајката и братот, барајќи од неа износ од 15.000 евра.

Оштетената добила рок до 26 септември да ги исплати парите. На 17 септември таа испратила 500 евра преку „Вестерн јунион“, а дополнителни 4.500 евра требало да му предаде лично пред Клиниката за онкологија во Скопје.

Кога жената пристигнала во земјава на 25 септември и случајот го пријавила, полицијата го уапсила осомничениот на самото место на средбата.

Јавниот обвинител побара определување притвор за скопјанецот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.