Skip to content

Убиецот од Охрид е лидер на Христијанско братство – мотив договор вреден милион евра

1 мин. читање
Сподели

Убиството во Охрид кое ја потресе јавноста доби нова димензија откако се откри дека осомничениот Жарко Грозданоски од Брвеница е лидер на групата „Христијанско братство” и дека мотивот е поврзан со договор за доживотна издршка вреден околу милион евра.

Грозданоски е осомничен за убиството на 76-годишниот охриѓанец Климе Митрески, кој наводно сакал да го раскине договорот за доживотна издршка со осомничениот.

Адвокатот Јанаки Митровски изјави дека „Македонија за жал е преполна со лажни, декларативни верници”, нагласувајќи дека верата често се злоупотребува за територијално обележување и поделби наместо да се живее според религиозните принципи.

Организацијата „Христијанско братство” излезе со поддршка за осомничениот, а јавноста потсети дека истиот пред седум години му се заканувал на тогашниот премиер. За убиство од користољубие се предвидува казна доживотен затвор.