Skip to content

Унгарија гласа против: Парламентот одби поддршка за членство на Украина во ЕУ

0 мин. читање
Сподели

Унгарскиот парламент усвои резолуција со која се противи на финансиска поддршка за Украина и на нејзиниот пат кон членство во Европската унија. Документот го поддржале 142 пратеника, 28 гласале против, а 4 се воздржале.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјавил дека Украина го следи погрешниот пат со верувањето дека може да добие членство во ЕУ со конкретни датуми за пристапување. „Членството во ЕУ е процес кој се заснова на заслуги. Условите ги определуваат земјите членки, а не земјите кандидати”, изјавил Орбан.

Резолуцијата претставува уште еден чекор во унгарската политика на блокирање на западната поддршка за Украина. Будимпешта постојано се оградувала од одлуките на ЕУ поврзани со Украина, предизвикувајќи тензии со останатите земји членки.

Унгарија досега блокирала повеќе пакети финансиска и воена помош за Киев во рамките на европските институции. Позицијата на Орбан останува непроменета и покрај притисоците од партнерите во сојузот.