Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Уставниот суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии. Ова денеска од собраниска говорница го рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
Покрај тоа, премиерот рече и дека Уставниот суд ќе ја укине и одредбата за платите на судиите и обвинителите, со што нивните примања енормно ќе се покачат.
Според Мицкоски, одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите на пензионерите веќе е потпишана од страна уставната судијка Добрила Кацарска, која пред Уставниот суд ја иницираше оваа постапка, за оцена на уставноста на последните законски измени со кои пензионерите добија по илјада денари линеарно зголемување во септември, а исто толку треба и во март идната година.
Мицкоски од собраниската говорница ја нарече судијката Кацарска како архитип на неправдата во судството, но не спомнувајќи го директно нејзниното име.
„Точно е дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за која сите зборуваме и која е архитип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка, што беше вториот столб на тој архитип на судството едно време, и која соучествуваше во онаа чанта од брендот ‘Луј Витон‘, се тие на кои денес им пречи линеарното зголемување на пензиите на пензионерите“,
рече тој.
Посочи дека според последните информации со кои располага, судијката на Уставниот суд ја има потпишано одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите.
„Последните информации се дека одлуката е донесена, дека е потпишана од нејзина страна и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени со Законот што претходно важеше“,
кажа премиерот.
Поради оваа иницијатива, на оваа судијка што е дел од Уставниот суд, според него, тоа подразбира дека 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец.
Според него, ваквата одлука не е фер, бидејќи Уставниот суд ја укинува одлуката, а додаде дека нема да се зачуди доколку истата судијка во Уставниот суд донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.
„Од аспект на фискален товар, помалку пари ќе даде Буџетот. Но, од спект дали е тоа фер, не е фер, затоа што во време на транзиција кога малкумина олигарси го приватизираа и разграбаа македонското стопанстрво или поголем дел го уништија, најголем дел од овие пензионери со ниски примања, од 8 000, 9 000, 10 000 или 12 000 денари се резултат на тој процес во тоа време. И затоа тие деобиваат така ниски пензии“,
вели премиерот.
Целта линеарното зголемување, како што рече, е да се намали ХД-индексот, а да се зголеми стандардот на пензионерите и на тој начин да се намали степенот на сиромаштија, бидејќи тоа е еден од оние фактори што дефинираат каква е државата.
Веројатно, додаде дека следната одлука што ќе дојде од овој суд е да се одмрзнат платите на сидиите и обвинителите.
„Значи на пензионерите им се укинува правото, но затоа на овие судии и обвинители, што се незадоволни со 2 500, 3 000, 4 000 евра ќе треба да им се одмрзнат платите. Пензионерите со 10 000 денари што треба да добијат 1 000 денари зголемување овој месец, тие се побогати од овие малкумина судии што ја контаминираат оваа професија“,
рече Мицкоски.
Според него, дојдено е времето работите да се земат во свои раце, а најави дека како Влада ќе се потрудат овие работи многу скоро да дојдат на свое место, посочувајќи го судството и обвинителството.
Според него, ваквата одлука на Уставниот суд е неправда за пензионерите.
„Ги слушам тие пораки и ќе почнеме да дејствуваме“,
кажа тој.
На седницата за пратенички прашања, поранешната министерка за труд и социјала, и актуелна пратеничка од опозициската СДСМ, Јованка Тренчевска, алармираше дека состојбата со Фондот за пензиско е загрижувачка.
Уставниот суд на 20 ноември соопшти дека поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, кој се однесува на линеарното зголемување на пензиите, со кое редовното месечно усогласување врз основа на порастот на платите и трошоците за живот се заменува со еднаква распределба на средствата за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, стажот или уплатениот придонес.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Нафтена индустрија на Србија (НИС) денеска ги информираше потрошувачите дека од утре повеќе нема да бидат снабдувани со гориво, бидејќи...
Според повеќе извештаи од странски медиуми и организации за човекови права, најмалку 2.000 лица се убиени во Иран во серија...
Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, обвинувајќи го дека бил „водач на бунт“ поради...
Крзнената играчка Лабубу, која го освои светскиот пазар и стана еден од најбараните производи на кинеската компанија Поп Март, се...
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Претседателот Трамп наговестува дека државниот секретар Марко Рубио, кој е и советник за национална безбедност и вршител на должноста национален...
Германската армија потврди случаи на сексуално вознемирување Германската армија е потресена од широко распространето сексуално вознемирување и крајно десничарски екстремизам...
Марк Рафало имаше остри зборови за Доналд Трамп на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерта....
Тврдењето дека Иран го „исклучи“ Starlink во суштина ја открива клучната слабост на овој систем: Starlink не е суверена телекомуникациска...