Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
NORTH MACEDONIA NIGHT CLUB FIRE
Од Основниот кривичен суд информираат дека предметот поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс“ опфаќа 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 бранители. Судот прстот го вперува кон дел од адвокатите и претставниците на правните лица, обвинувајќи дека доцнењето во постапката е резултат на ненавремена достава на судскиот акт, бидејќи тие не биле присутни во своите канцеларии.
„Со оглед дека сите обвинети и нивни бранители веќе го имаат примено обвинителниот акт, на 3 октомври истекуваат законските рокови за приговор. Со тоа се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде разгледан, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени,“ стои во соопштението од Кривичен суд.
Утре истекува и рокот кој го дадоа родителите на загинатите млади во страшниот пожар. На последниот „Марш за Ангелите“ тие порачаа дека трпението им е при крај и доколку до петок не ги добијат бараните одговори од правосудните органи, тогаш мирните маршеви ќе преминат во протести и блокирање на институциите.
Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека мобилните телефони кои беа вештачени дале нови докази, вклучувајќи и пораки поврзани со „дискотеката на смртта“.
„Сите извештаи од вештачења на мобилни телефони се доставени уште во јуни 2025 година до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување и одлучување,“ информираат од МВР.
Паралелно, Управата за јавни приходи суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата, сè додека трае постапката. Истражна постапка се води и против полициски службеници, за која обвинителот Коцевски најави дека наскоро ќе биде поднесен обвинителен акт.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...