Skip to content

Утре врнежливо време низ цела Македонија

0 мин. читање
Сподели

Утрешниот ден во Македонија ќе помине под влијание на влажна воздушна маса, со што во поголем дел од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во југозападните и јужните региони, каде локално количината може да надмине и 30 литри на метар квадрат за 24 часа.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој периодично ќе го интензивира облачното и нестабилно време.

Во Скопје, утрешниот ден ќе биде претежно облачен со повремени, слаби врнежи од дожд и умерен југоисточен ветер.