Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Возачот Васил Јованов, кој во мај ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки премин во Скопје и беше осуден на 12 години затвор, денеска се појави пред Апелациониот суд, барајќи намалување на казната.
Од другата страна, вишата обвинителка Фатиме Фетаи побара построга санкција.
„Уште еднаш сакам да изразам најдлабоко каење и искрено сочувство до семејството на загинатата. Голема грижа на совест имам за тоа што се случи и болката што ја предизвикав,“ изјави Јованов во судницата.
Судијката Александра Ристеска информираше дека во Апелација пристигнале две жалби – една од Обвинителството за повисока казна, и една од одбраната, со барање за поблага пресуда или укинување на првостепената.
„Со вакви возачи, што не почитуваат ниту едно правило, никој не се чувствува безбедно. Против обвинетиот има и други прекршоци – што покажува дека не се одвратил од повторување на делото. Казната мора да биде во горната граница,“ изјави Фетаи.
Бранителот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, побара намалување на казната, нагласувајќи дека обвинетиот признал вина искрено и безусловно.
„Признанието на вина е доказ за каење и треба да се земе како олеснителна околност,“ рече Дуковски.
По денешната јавна седница, Апелациониот суд ќе ја донесе правосилната пресуда, со што ќе се стави крај на случајот што ја потресе македонската јавност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...