Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на планско трошење?
20.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Венецуелски министер ја обвини американската разузнавачка агенција за шверц на дрога преку националната авиокомпанија
Диосдадо Кабело, министерот за внатрешни работи, правда и мир на Венецуела, ја обвини ЦИА за шверц на дрога наменета за Соединетите Американски Држави.
Изјавата на Кабело дојде во време на обидот на администрацијата на Доналд Трамп да се „справи“ со „наркотерористите“ од Венецуела, кои наводно ја загрозуваат неговата земја.
Кабело објави документи на ЦИА за кои рече дека ги потврдуваат неговите тврдења.
„Тука е напишано дека ЦИА шверцувала хероин во САД 22 години преку авиокомпанијата „Ер Америка““, рече Кабело.
Според неговите тврдења, американската разузнавачка агенција им исплаќала бонуси на припадниците на американските воздухопловни сили – повеќе од 51.000 долари месечно за вкупно 100 часа лет.
„Потоа се постави прашањето за Авганистан – како кога САД пристигнаа во Авганистан, производството на опиум се зголеми за 1.080 пати?“, праша тој.
Дополнително, тој изјави дека во САД речиси 30 милиони луѓе над 12 години „страдаат од алкохолизам“ и прецизираше дека 490 луѓе умираат секој ден од консумирање алкохол.
„Тие ништо не прават. Никој не ги гледа овие програми, но доволно е што треба да соборат некоја влада во светот и веднаш да одобрат средства за војна, но не одобруваат грижа за сопствениот народ“, заклучи венецуелскиот министер Кабело.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Анализа по првите 100 дена покажува дека новоизбраните градоначалници се соочуваат со предизвици во управувањето со општинските буџети.
По израелските напади врз иранската инфраструктура, ценатa на гасот скокна 25% - Јужен Парс е клучен за глобалното снабдување.
Пролетната рамноденица донесе сончев ден во Македонија, но утрината и вечерта ќе бидат значително постудени.
Партијата побара надлежните да постапуваат според закон и ги критикуваше тенденциозните објави кои го кршат човековото достоинство.
Нови прописи ја укинуваат подобноста за комерцијални возачки дозволи за странски државјани, загрозувајќи ги синџирите на снабдување.
Петар Богојески обвинува за немарност на Кардиологија, додека медицинскиот персонал поднесе пријава за закани и навреди.
Васе Анакиев, заменик-претседател на Социјалистичката партија, е приведен во полициска акција за примање мито.
Националната противпожарна служба прогласи национална мобилизација по пожарот во градот Деџон, 35 лица се во критична состојба.
Дер Шпигел објави шокантна истрага за наводни плаќања на богати западноевропски граѓани за убивање цивили за време на опсадата на...
Грчкиот премиер потврди дека системот Патриот пресретнал ракети насочени кон рафинерија во Саудиска Арабија, во рамки на одбранбени договори.