Skip to content

ВИДЕО: Напната атмосфера во Белград: Поддржувачи на власта и граѓани кои ја поддржуваат Дијана Хрка разделени со полициски кордон

1 мин. читање
Сподели

Попладнево во центарот на Белград се собираат поддржувачи на српските власти во близина на Народното собрание и во Пионирски парк, каде што во непосредна близина се наоѓаат и граѓани кои ѝ даваат поддршка на Дијана Хрка – мајката на младиот човек што минатата година загина при уривање на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Двете групи се разделени со огради и со силно полициско присуство во опрема за разбијање демонстрации. Хрка, која веќе четврти ден штрајкува со глад пред парламентот, денеска апелираше до присутните да останат смирени и достоинствени, без провокации и конфронтации со полицијата.

„Каде што се, утре нема да постојат. Србија ќе остане слободна,“ изјави таа пред своите поддржувачи, повикувајќи ги да не се приближуваат до Пионирскиот парк за да се избегнат судири.

Во Белград од попладнево пристигнуваат голем број автобуси со приврзаници на власта, а полицијата ја засили безбедноста околу парламентот и централните градски улици.