Skip to content

ВИДЕО:Полициски службеници спасиле повредено лице на Шар Планина

1 мин. читање
Сподели

Денеска (21.09.2025) полициски службеници од САЕ „Тигар“ и ОВЕ извршија успешна спасувачка акција на Шар Планина, во реонот на Гостивар. По добивањето на пријава дека возило се превртело, а лицето А.Џ. се здобило со повреди, полициските екипи веднаш се упатиле на местото на настанот.

Повреденото лице е пронајдено и со помош на хеликоптерот Бел 412 успешно е превземено од службите и пренесено до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му е укажана соодветна лекарска помош.

Акцијата ја потврдува високата професионалност и брзата реакција на полициските служби при справување со критични ситуации во планински и отежнати услови.