Skip to content

Владо Георгиев со голем концерт во Скопје на 20 март

1 мин. читање
Сподели

Еден од омилените балкански кантавтори, Владо Георгиев, ќе одржи голем солистички концерт во Скопје на 20 март 2026 година во спортскиот центар „Јане Сандански” со почеток во 20:30 часот. Концертот доаѓа по три рекордно распродадени настапи во Белградската арена и најавениот четврт концерт на 7 март за кој побарувачката е исклучително голема.

Црногорскиот пејач и автор со потекло од Херцег Нови, кој живее во Белград, на македонската публиката ќе ѝ претстави „Господска” музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време.

Георгиев стана популарен во 2000-тите години во целиот регион и досега има издадено три студиски албуми. Покрај музиката, тој глумеше и во неколку српски серии, што дополнително му ја зголеми популарноста во поширокиот регион.

Скопската публика веќе има можност да го види на живо минатата година, кога настапи во Хераклеја во Битола на 16 август во рамките на настанот насловен „Господски во Хераклеја”. Сега, фановите во главниот град ќе имаат шанса да ја доживеат неговата музика во интимна атмосфера на затворена сала.

Билетите за концертот се веќе достапни за продажба преку мрежата на ddtickets.rs. Со оглед на големиот интерес за неговите претходни концерти низ регионот, организаторите препорачуваат навремено обезбедување на влезници.