Skip to content

ВМРО-ДПМНЕ: Српски советници ја водат ПР стратегијата на СДСМ од скопски хотел

1 мин. читање
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ПР стратегијата на СДСМ ја водат српски советници од скопски хотел. Според Валентин Манасиевски од владејачката партија, Зоран Башановиќ, екс советник на Зоран Заев, го води пиар тимот на опозицијата заедно со Милјан Счекич од српската агенција „Ај медија”.

Башановиќ и Счекич наводно се сместени во скопскиот хотел Парк, од каде го координираат центарот за комуникации на СДСМ. По препорака на Заев, лидерот на СДСМ Венко Филипче претходно патувал до Ниш за средба со Счекич.

„Со ова се открива вистината за фалиментираните соопштенија на СДСМ и многуте чести српски фрази и споредби во нивната комуникација”, изјави Манасиевски.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека во наредните денови на прес-конференции ќе презентира дополнителни докази за улогата на Башановиќ и за причините зошто СДСМ е „толку многу опседнат со СНС и со Србија”.