Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Шест странски државјани — четворица од Турција и двајца од Узбекистан — се лишени од слобода во полициска акција во Скопје, под сомнение за фалсификување на дозволи за престој и други службени документи.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена ноќеска, на 21 октомври 2025 година, околу 01:30 часот, од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север, заедно со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Лишени од слобода се А.З. (30), З.А. (26), Е.С.О. (20) и А.У. (51) од Турција, како и Н.А.Т. (39) и А.Д.М.У. (27) од Узбекистан. Се сомничат за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и кривично дело по член 378 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на А.З. во скопската општина Чаир, извршен со судска наредба, полицијата пронашла повеќе дозволи за престој на туѓо име, пари во различни валути и апоени, печати од приватни фирми и државни институции за кои постои сомнение дека се фалсификувани, лаптоп компјутери, турски пасоши на име на други лица и други докази кои упатуваат на извршување кривично дело.
Од МВР соопштуваат дека приведените се задржани во полициска станица и дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...