Skip to content

Водата за пиење во Скопје поскапа за 10% од овој месец

0 мин. читање
Сподели

Од овој месец, цената на водата за пиење во Скопје е зголемена за 10%, и сега кубен метар чини 35,02 денари, потврдија од ЈП „Водовод и канализација“ и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Зголемување има во сите три сегменти – за пиење, за прочистување на отпадни води и за собирање и одведување на урбани отпадни води, а збирно поскапувањето изнесува околу 10%.

Регулаторната комисија појаснува дека одлуката ја донеле затоа што Советот на Град Скопје, кој е надлежен за утврдување на цената, не донел никаква одлука во предвидениот рок. Според законот, Комисијата морала да утврди цена, а заедно со АТКОМ и ЗЕЛС работат на ново решение за регулирање на водните услуги.

– Се предлага Регулаторната комисија целосно да го преземе утврдувањето на цените на водата за сите општини во земјата. На тој начин ќе се избегне практиката од политички причини општинските совети да не ја зголемуваат цената или да прифаќаат минимална цена која не овозможува инвестиции во секторот, каде што загубите на вода на ниво на државата достигнуваат 63% – појаснуваат од Комисијата.

Со новиот пристап, се очекува цената на водата да овозможи редовни инвестиции во секторот и стабилно снабдување со вода.