Skip to content

ВОЈНАТА НА ТРАМП ПРОДОЛЖУВА! Уште еден брод потонал во Пацификот! ШЕСТ МРТВИ! Објави американскиот министер за војна!

1 мин. читање
Сподели

Американските сили потопија уште еден брод во источниот Пацифик за кој се тврди дека превезувал дрога. Шест лица беа убиени.

САД во неделата извршија напад врз два брода за кои се сомневаше дека превезуваат дрога во источниот дел на Тихиот Океан, при што загинаа шест лица на бродот, изјави во понеделник американскиот секретар за војна Пит Хегсет.

– Нашата разузнавачка служба ги идентификуваше тие бродови како поврзани со шверц на нелегални наркотици. Тие превезуваа дрога и се движеа по позната рута за трговија со дрога – рече Хегсет во објава на мрежата X, со која прикачи видео од нападот.

Најмалку 70 лица се убиени во нападите досега со нов биланс.

Експертите ја доведуваат во прашање легалноста на овие операции против осомничени лица кои не се пресретнати или испрашувани.

Американскиот претседател ги оправдува овие акции со борба против банди кои се сметаат за „терористички“.

Трамп го обвинува венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е дел од картел.

Мадуро го негира ова и ги осудува обидите на САД да ја дестабилизираат неговата земја.