Skip to content

Возач со забрана за возење прегази 10-годишно дете во Кичево

1 мин. читање
Сподели

Маж од Кичево е лишен од слобода откако управувал возило и покрај активна забрана за возење и тешко повредил 10-годишно дете.

Инцидентот се случил вечерта на 4 април, околу 20:40 часот, на булеварот „Ослободување” во Кичево. Возачот А.Б. управувал со Опел Вектра кога го удрил детето.

Полицијата утврдила дека на возачот му била одземена возачката дозвола со активна заштитна мерка – забрана за управување со возила од категорија Б. И покрај тоа, тој продолжил да вози.

Возилото е одземено по наредба на јавниот обвинител, а возачот е задржан. Против него ќе бидат поднесени кривични пријави по комплетирањето на документацијата.