Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Автомотосојуз на Македонија информира дека од 24 септември 2025 година компанијата „Виадукт Трејд“ од Гостивар започна со санација на потпорни ѕидови кај подпатник на државен пат А2, на обиколница Скопје, на делницата од км 21+840,00 до км 21+987,00. Работите ќе траат четири месеци, за што е воведен изменет режим на сообраќај.
На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин, кај селото Петралица, исто така е воведен времен режим поради градежни активности. Во текот на денот од 07:00 до 17:00 часот сообраќајот се регулира рачно со знаменца, додека во останатиот дел од денот со светлосна сигнализација – семафори.
Од 3 септември годинава, на делницата Гостивар – Тетово, на потегот меѓу двете патарини, се изведуваат истражувачки градежни работи кои ќе траат две седмици, поради што сообраќајот таму се одвива под времен режим.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, иако коловозите се влажни, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат внимателни, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои опасност од одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица, кој беше затворен во зимскиот период, од 17 април 2025 година повторно е пуштен за сообраќај, но само за возила со тежина до 3,5 тони.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Поставен камен-темелник за меморијалната фонтана посветена на петте штипјани загинати во трагедијата во Кочани.
АМСМ информира за влажни коловози и снежни врнежи на повисоките делови, препорачувајќи внимателно возење.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 39 вонредни контроли, потврдувајќи значително подобрување на условите.
Градоначалникот Меџити присуствуваше на интензивната ноќна акција за чистење на улици, паркови и тротоари во пресрет на празникот.
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.
Градоначалникот на Гази Баба нареди уривање на импровизирани куќички во Керамидница изградени на државно земјиште.
Пратениците гласаат за предлогот на Владата судијата Ненад Савески да биде нов шеф на Јавното обвинителство, потребни се 61 глас.
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.