Skip to content

Врховниот суд ги поништи итните царини, Трамп веднаш воведе нови 10 отсто

1 мин. читање
Сподели

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ги прогласи незаконити царините воведени по итна постапка, по кое Трамп веднаш воведе нови царини од 10 проценти на речиси сите стоки увезени во земјата — наместо наjaвените 15 проценти.

Американската царинска служба (CBP) соопшти дека со исклучок на ослободените производи, увозот „ќе биде предмет на дополнителна адвалорна стапка од 10 процент”. Оваа мерка предизвика збунетост меѓу трговските партнери, особено поради нејаснотијата зошто е применета пониска стапка од најавената.

Трамп реагираше жестоко на судската одлука, изјавувајќи дека одлуката на Врховниот суд е „несреќна”, но дека располага со алтернативни правни механизми со кои може да постапи „многу помоќно и порадикално”. Истовремено закани: „Доколку некој сака да си игра со оваа апсурдна судска одлука, особено оние кои долго нè ограбуваа — ќе се соочат со уште повисоки царини.”

Европската банка за реконструкција и развој меѓувреме ја ревидираше нагоре прогнозата за раст во 2026 година, оценувајќи дека вистинското влијание на американските царини е значително помало од очекуваното.

Државниот секретар Марко Рубио се очекуваше да ги информира водечките конгресмени за трговската политика, а претседателот Трамп сугерираше дека може да воведе и нови лиценцни такси за трговски партнери.

Ситуацијата ја продлабочи несигурноста меѓу американските трговски партнери, а новиот трговски режим ќе има директно влијание и на земјите во развој кои значителен дел од извозот го насочуваат кон американскиот пазар.