Skip to content

Вучиќ: Третата светска војна е веќе во тек, само уште не ни е соопштено

0 мин. читање
Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Третата светска војна е веќе во тек, само што на светот уште не му е соопштено. Според него, сегашните глобални конфликти постепено ескалираат во поширока конфронтација.

Вучиќ предупреди дека ситуацијата на Блискиот Исток, конфликтот во Украина и растечките тензии меѓу големите сили создаваат услови за глобален судир од невидени размери.

„Она што го гледаме не е серија изолирани конфликти, туку постепена ескалација која води кон поширока конфронтација“, изјави српскиот лидер, додавајќи дека светските лидери треба итно да најдат дипломатско решение пред да биде предоцна.

Неговата изјава доаѓа во период кога Иран и САД се во отворен воен конфликт, Украина и Русија продолжуваат со борбите, а нуклеарните закани стануваат се пореални.