Skip to content

Забрана на изложување тутун – заштита на здравјето или храна за шверцерите?

0 мин. читање
Сподели

Предлогот за забрана на изложување тутунски производи во малопродажбата отвори дебата за тоа дали рестрикциите навистина го намалуваат пушењето или го засилуваат нелегалниот пазар.

Поддржувачите на мерката тврдат дека станува збор за заштита на јавното здравје, особено на малолетниците, и дека забраната е дел од поширока стратегија за намалување на пушењето.

Од друга страна, критичарите предупредуваат дека кога легалните полици ќе „се затемнат”, нелегалниот пазар се „осветлува”. Забраната може да го насочи купувањето кон нерегулирани продавачи, а загубата на видливоста во легалната малопродажба би можела да им користи на шверцуваните и фалсификувани производи.

Глобалната нелегална трговија со вејпови и тутунски производи веќе се мери во милијарди евра, а искуствата од други земји покажуваат дека строгите забрани не секогаш ги постигнуваат посакуваните резултати.