Skip to content

Законот за пушење на 24 март на владина седница – кафеаните со посебен влез за непушачи

1 мин. читање
Сподели

Предлог-законот за пушење ќе биде претставен на владина седница на 24 март, најави министерот за здравство Азир Алиу. Законот предвидува кафеаните да мора да направат посебен влез за непушачкиот дел.

Законот првично требаше да стапи во сила на 1 март, но беше одложен поради приговори од угостителскиот сектор и тутунската индустрија. По повеќе консултации со засегнатите страни, Алиу тврди дека „сите отворени прашања се затворени”.

Светската здравствена организација дефинирала стандарди за чист воздух во простории наменети за пушење. Научната анализа покажала дека тераси со две отворени страни дозволуваат доволна циркулација на воздухот.

Министерот призна дека постојат инфраструктурни предизвици, особено во Скопје каде над 7.000 кафулиња работат тераси со распоред кој не овозможува три отворени страни. Законот дозволува покривите да се сметаат како отворени страни, бидејќи воздухот се прочистува за секунди кога покривот е отворен.

„Идејата е да ги заштитиме сите граѓани кои не пушат, додека се определуваат конкретни простори за пушачите”, нагласи Алиу.