Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
По речиси целодневен прекин на водоснабдувањето, во Тетово околу полноќ се очекува нормализирање на дотокот на вода, но Јавното претпријатие за водовод „Шар“ предупредува дека водата не е безбедна за пиење и треба да се користи само за хигиенски потреби и чистење.
Проблемот е предизвикан од интензивните врнежи од дожд кои доведоа до заматување на изворите, поради што двата водоснабдителни системи беа привремено исклучени од мрежата.
Според информациите од ЈП „Шар“, утрово прво била исклучена новата водоводна линија што носи вода од планинските реки во реонот на Лешница, бидејќи водата не можела да се пречисти во филтер-станицата кај Лисец. Попладнето бил прекинат и доводот од изворите на Попова Шапка, исто така поради заматеност.
„Граѓаните се замолуваат водата да ја користат само за хигиена и чистење сè додека не завршат новите лабораториски анализи, по кои јавноста ќе биде информирана за квалитетот на водата,“ соопштија од ЈП „Шар“.
Директорот Ваљон Зеќири изјави дека резервоарот со вода од стариот систем бил исчистен трипати во текот на денот поради високо ниво на заматеност.
Според податоците од хидрометеоролошките служби, во реонот на Попова Шапка денеска се измерени 55 литри врнежи на метар квадратен, а во Тетово – 32 литри.
Во Гостивар, на улицата 18 Ноември, затнати се пет шахти, што претставува ризик од поплавување на неколку куќи. Од Центарот за управување со кризи информираа дека екипи се на терен и работат на прочистување и нормализирање на состојбата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...