Битола го уредува запуштениот простор зад СВР - нови паркинзи низ градот
19.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Со почетокот на сезоната на вируси, во Македонија започна вакцинацијата против сезонскиот грип. Само во првиот ден биле вакцинирани 2.000 граѓани, а процесот се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје.
Според податоците на Министерството за здравство, досега се пријавиле околу 49.000 граѓани преку апликацијата vakcinacija.mk, а набавени се 80.000 дози четиривалентна вакцина од холандскиот производител „Абот“.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска лично се вакцинираше во Гостивар, на Одделението за епидемиологија, упатувајќи апел до граѓаните навреме да се заштитат:
„Со личен пример сакам да ја истакнам важноста на навремената вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Особено ги повикувам лицата во ризични категории да се пријават преку апликацијата и кај својот матичен лекар,“ изјави Алиу.
Вакцинацијата е бесплатна за ризичните групи: лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до 5 години и лица сместени во установи за социјална заштита со нивните негуватели.
Министерството потсетува дека вакцината е најсигурна заштита од компликации и ги повикува сите граѓани навреме да се вакцинираат – „Грипот нè чека, заштитете се на време!“
Најновите 10 вести од оваа категорија
Проектот вреден 2,3 милиони денари вклучува 800 квадратни метри бетонски плочки и решавање на проблемот со одводнување.
ЈП за државни патишта објави контроверзен тендер за надворешни консултанти со несразмерно висока компензација.
Министерот Алиу најави дека предлог-законот ќе биде финализиран за еден до еден и пол месец, по консултации со угостителскиот сектор.
Новиот државен јавен обвинител најави дигитализација на системот и крај на практиката за задржување предмети во фиока.
Смртноста кај деца под 5 години е намалена за 75 проценти за една деценија, покажува нов извештај на ОН.
Поставен камен-темелник за меморијалната фонтана посветена на петте штипјани загинати во трагедијата во Кочани.
АМСМ информира за влажни коловози и снежни врнежи на повисоките делови, препорачувајќи внимателно возење.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 39 вонредни контроли, потврдувајќи значително подобрување на условите.
Градоначалникот Меџити присуствуваше на интензивната ноќна акција за чистење на улици, паркови и тротоари во пресрет на празникот.
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.