Skip to content

Зеленски на четвртата годишнина: Путин не постигна ниту една цел, Украина ќе бори за мир

0 мин. читање
Сподели

На денот кога се навршуваат точно четири години од почетокот на руската целосна воена инвазија врз Украина — 24 февруари 2022 година — претседателот Володимир Зеленски се обрати со силна порака. „Путин не ги постигна своите цели. Нас не нè скрши”, рече Зеленски, нагласувајќи дека Украина ги одолеала сите очекувања за брз колапс.

Во своето обраќање, Зеленски го покажа и бункерот во кој ги поминал почетните денови на инвазијата, со цел да го долочи нивото на загрозеност во кое се наоѓаше Украина во февруари 2022. Тој порача дека и покрај тоа, земјата и нејзините институции опстанаа и продолжуваат да функционираат.

Украинскиот лидер директно им се обрати и на Соединетите Американски Држави: „Вашингтон треба да биде на страната на демократска земја која се бори против еден човек”, рече Зеленски, алудирајќи на Путин. Тој ги помоли американскиот претседател Доналд Трамп и поширокото американско раководство да останат посветени на поддршката за Украина.

„Ние ја браневме Украина и ќе направиме сè за да постигнеме мир” — со оваа порака Зеленски им се обрати на украинските граѓани, истакнувајќи дека мирот е цел, но не по секоја цена. Четвртата годишнина се одбележа во услови на продолжени борби на источниот фронт и нова неизвесност во однос на американската политика кон конфликтот.