Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј. (47) и Т.И. (58), двете од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ и „малтретирање во вршење на службата“.
Од МВР информираат дека во координација со обвинителството во изминатите два дена биле обезбедени докази кои укажуваат дека осомничените, како сопственички и овластени лица на две приватни установи за згрижување на стари лица, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита со цел да прибават незаконска имотна корист, при што потешко ги повредиле правата на корисниците.
Двете установи, во периодот од 2022 година до денес, работеле над дозволениот капацитет, неуредно воделе евиденција за корисници, немале комплетна стручна документација, ниту обезбеден соодветен број стручни кадри. Дополнително, ангажирале лица без валидна документација и не обезбедувале четири дневни оброци согласно правилниците и издадените решенија од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Според МВР, установите месечно остварувале незаконска имотна корист во износ од околу 2,23 милиони денари.
При претресите во домовите на улиците „Рудо“ во Бутел и „Козара“ во Центар, било утврдено дека осомничените во службено својство вршеле физичко и психичко насилство врз корисниците, при што ги изложувале на суров и понижувачки третман. Во домот во Бутел биле сместени 27 корисници, иако дозволата била за 21, а во објектот во Центар 33 лица, иако дозволени биле само 17.
Во собите биле сместувани мажи и жени заедно, дел од лицата спиеле на троседи или по две лица на ист кревет, а оброците им биле подготвувани со производи со изминат рок. Дел од корисниците биле и заклучувани во посебни простории, а некои добивале лекови без лекарска препорака.
По наредба на јавен обвинител, сите згрижени лица биле прегледани од стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните институции корисниците се префрлени на соодветно сместување.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...