Бебе на два дена остана без дел од палецот на ГАК: сестрата е во млечна кујна, комисијата има 60 дена
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Повеќе години во бегство, помалку од два месеци во Шутка. Битолскиот бизнисмен Стојан Чифлигароски, осомничен во предметот „Синџир“, понатамошната постапка ќе ја чека дома. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје му го замени затворскиот притвор со куќен, а патот до таа одлука го отвори самото обвинителство.
Предлогот го поднела одбраната, а Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција дало позитивно мислење. Советот го прифатил барањето како „согласен предлог меѓу странките“. Образложението: истражната постапка е во завршна фаза, а здравствената и семејната состојба на осомничениот, поткрепена со медицинска документација, одела во прилог на поблага мерка. Како мерка на претпазливост му се одземени двата важечки пасоши. Жалбата е можна во рок од 24 часа, но не го одлага извршувањето.
Што е „Синџир“
Во предметот првично беа обвинети 22 сопственици и директори на 19 фирми, кои, според обвинението, со меѓусебни фактури за фиктивни стоки и услуги избегнувале да платат ДДВ. Од почетокот на 2019 до крајот на 2021 година буџетот бил оштетен за 8 милиони евра. Се истражуваат злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари, а Чифлигароски се сомничи дека бил еден од организаторите.
Јавноста го памети како сопственик на „СВ Инвест“, фирма која во минатото добиваше милионски тендери од РЕК Битола, а потоа заврши во стечај. Директорите на неговите фирми веќе се осудени, откако признаа вина за даночно затајување и перење пари. Тој во тоа време беше недостапен за органите на прогонот и се водеше како лице во бегство, по него имаше централна потерница. Според неофицијални информации, со години престојувал во САД.
На 22 септември сам се предаде на граничниот премин „Свети Наум“ и веднаш беше спроведен во Истражниот затвор „Скопје“. Нешто повеќе од осум недели подоцна, обвинителството што ја распиша потерницата се согласува тој да си оди дома.
Законски, сè е во ред: и обвинителот и судот имаат право да проценат дека нема веќе опасност од бегство. Но човек што со години бил недостижен за државата сега ја чека постапката во својот дом, со одземени пасоши како единствена брана. Колку луѓе без пари и адвокати добиваат толку брзо „согласен предлог“ од обвинителството?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Требаше да биде ден за отпуст, а заврши со операција. Клиниката го нарекува „несакан настан“ и ја преместува сестрата во...
Скопје, Тетово, Кавадарци - и снимки што кружат по мрежите. Министерството брои прирачници и работилници, а до него стигнуваат триесетина...
Четири факултети и Ректоратот исклучени, министерката вели „долговите редовно ги сервисираме“. Ако е така, зошто деканите плаќаат струја од своите...
Седум месеци пријави, судски мерки за заштита, па убиство. Обвинението стигна до деветмина од најниското скалило - прашањето е дали...
Решенијата за одземање постојат од 2024, сега стигнува и акциски план со рок од десетина дена. Граѓаните не чекаат: во...
Ако булеварот може да се среди за шест месеци, а плочките штом некој ја преземе надлежноста, тогаш долгото чекање не...
79 отсто од ученичките велат дека сапунот и хартијата не им се секогаш достапни, а градот има три јавни тоалети....
Дихово, Буковски Ливади, Карамани, Драчево - листите со барања се долги. Форумите се добра навика, но вистинскиот тест е ставката...
Ретка вест во која главната работа ја завршиле самите средношколци. Прашањето е дали градот ќе им понуди причина да останат...
Градоначалникот вели дека криминалци зад политички партии ги бараат зелените површини и ја претставуваат неговата борба како меѓуетничка. Кои се...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.