Четири скршени ребра и крварење во мозокот: Гостиварка се бори за живот, сопругот е во Бардовци, а не во притвор
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
27.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
28.11.2026
27.11.2026
26.11.2026
28.11.2026
28.11.2026
27.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Социјалната мрежа X, поранешниот Twitter, конечно воведе родителска контрола за тинејџерите. За тоа ѝ требаа 20 години. Сметките на корисниците од 13 до 17 години автоматски ќе бидат во „заштитен режим“: без чувствителни содржини и без таргетирани реклами.
Родителите добиваат цела листа алатки. Ќе гледаат колку време детето поминува на X неделно и ќе поставуваат дневен лимит. Ќе одобруваат нови следбеници, ќе ги ограничуваат препораките и видеата само на профили што тинејџерот веќе ги следи, ќе филтрираат одредени зборови и ќе ги исклучуваат чувствителните медиуми. Ќе одредуваат кој може да му праќа директни пораки – и ќе гледаат со кого се допишува.
Но што си пишуваат, нема да знаат. Родителите не можат да ги читаат приватните пораки, не ја гледаат историјата на пребарување и гледање и не можат да објавуваат во името на детето. Тинејџерот, пак, гледа секоја промена што родителот ја направил на неговата сметка. „Родителите сакаат практични алатки, а тинејџерите заслужуваат простор да растат“, напиша Мајкл О’Херлихи, шефот за безбедност на X.
Тајмингот не е случаен. Контролите доаѓаат месеци откако X беше под удар затоа што неговиот четбот со вештачка интелигенција можеше да се користи за правење сексуализирани слики од деца и жени. Мрежата долго е позната и по материјали со сексуална злоупотреба на деца, дезинформации и ботови, а порнографијата на неа е дозволена отворено.
X никогаш не бил мрежа за тинејџери, а минималната возраст е 13 години – низок праг за ваква содржина. Тинејџерите сепак се таму: студија од 2024 покажала дека речиси третина од децата од генерацијата Алфа имаат профил на X.
Родителска контрола на мрежа каде што возрасните содржини се дозволени е како катанец на врата од кафана – корисен, ако детето веќе не седи внатре. Колку родители воопшто знаат дека нивното дете има профил на X?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Шефот на Anthropic бара граница кај вештачката интелигенција што се подобрува сама. Во документите за берзата, неговата компанија токму тој...
Маск предвидуваше многу повеќе продажби на нови возила, а Cybertruck конечно најде купувачи на половниот пазар. Помогнаа скапиот бензин и...
Еден заеднички мерач за разговор и работа, иста претплата - и признание дека најактивните корисници ќе стигнуваат до ѕидот побрзо....
Американскиот регулатор му даде на Маск зелено светло за сателити што ќе пресметуваат за вештачката интелигенција. Кој ќе го чисти...
Плишано мече што му кажува на детето дека е позабавно од училиштето и дека ќе му ги чува тајните. Њујорк...
Nvidia вложила во Decart при вреднување од 4 милијарди долари, а сега го гледа како заминува кај Amazon за речиси...
Над 43 отсто од новите песни на Tidal ги создала машина, а 96 отсто од целосно ВИ-песните немаат ниту едно...
Пред две недели замина поради врска со жена осомничена за шпионажа за Кина. Денес е назад, со поддршка од Белата...
Емисиите на компанијата повеќе од двојно пораснаа за четири години, а нов рок за нултата емисија нема. Доброволната цел, излегува,...
Мерката се вика перплексност, а Сем Алтман го нарече текстот најважното што OpenAI го објавило во последно време. Останува прашањето...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.