Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Секој ден во нашето тело се произведуваат и циркулираат десетици различни хормони. Кај жените, еден хормон е особено одговорен за голем број проблеми и тегоби, тоа е естрогенот.
Можеби тој е најпознатиот и најчесто спомнуван хормон кај жените. И не е ни чудо: дисбалансот на естрогенот предизвикува бројни здравствени проблеми кај жените.
Кога нивото на естроген е над нормалата, односно се лачи зголемена количина на естроген, можат да се појават проблеми како што се: несоница, зголемување на телесната тежина, варирање на килограмите, бавен метаболизам, проблеми со репродуктивниот систем како синдром на полицистични јајници, а и проблемите со косата и кожата се прилично чести.
Знаци дека вашето тело не произведува доволно естроген се: намален сексуален нагон, нестабилни емоции, зголемување на телесната тежина, депресија, анксиозност и опаѓање, проретчување на косата. Ова се само дел од симптомите.
Но, нарушувањата на хормонскиот баланс може да предизвикаат и други пореметувања во организмот. Затоа, доколку имате какви било симптоми или прашања во врска со нарушените нивоа на естроген во вашиот организам, консултирајте се со лекар.
Имајќи го во предвид сето ова, предлагаме 5 корисни начини како да одржите добро ниво на естроген:
Истражувањата покажуваат дека правилното функционирање на вашите црева игра улога во одржување на рамнотежата не само на естрогенот, туку и на сите останати регулациони механизми на хормоните општо. Проблеми како што е оштетувањето на цревната обвивка, познат како зголемена интестинална пропустливост или синдром на протекување на цревата, но и други дигестивни проблеми, може да укажуваат на тоа дека нема доволно корисни бактерии што ги обложуваат вашите цревни ѕидови. Тоа пак значи дека можеби ќе биде потребно да се зголеми внесот на пробиотици. Прашајте го вашиот лекар илиs нутриционист за избор на квалитетен пробиотик и како да го вклучите во вашата секојдневна рутина на додатоци во исхраната. Секако корисно е конумирањето на ферментирана храна како комбуха, кефир или кисела зелка.
За да поддржите правилната хормонална функција, зголемете го внесот на овошје и зеленчук. Користете масла што се богати со масни киселини и омега-3, како што е маслиновото масло. Избегнувајте високо преработена храна и засладени производи.
Хемикалиите во домаќинството на кои сме изложени секојдневно може да играат улога врз ендокриниот систем, што влијае на рамнотежата на естрогенот. На пример, пластичните садови за храна, често содржат хемикалии кои се штетни за ендокриниот систем, како што се BPA. Исто така голем дел од средствата за чистење и козметичките производи содржат синтетички супстанции кои дејствуваат како природни хормони во телото, а не се. Доколку внимателно изберете поприродни брендови средства за чистење, нега на кожа и шминка, можете истовремено да влијаете позитивно на животната средина и сопственото здравје.

Високото ниво на стрес е поврзано со дисбаланс на хормоните, вклучувајќи го и естрогенот. Така при стрес, нашето тело произведува кортизол кој има за цел да се справи со стресот. Но за да се создаде кортизол потребно е да има прогестерон кој е друг женски хормон контратежа на естрогенот. Ова во превод би значело повеќе стрес, повеќе кортизол, помалку прогестерон односно нарушена рамнотежа, сооднос прогестерон-естоген. Што значи дека естрогенот повеќе не е „под контрола“ туку има можност да се зголемува.
Обидете се да го намалите стресот со тоа што ќе одвоите време за себе, за медитација, прошетка, рекреација или читање добра книга. Забавувајте се и грижете се за себе и вашето ментално здравје.
Телото се обновува додека спиете, а регулирањето на хормоните е дел од циклусот на обнова на телото. Ако не спиете доволно, хормонската нерамнотежа може да биде една од последиците. Обидете се да ја направите поудобна вашата просторија за спиење со помош на тивка музика, завеси што блокираат светлина или нова перница. Сето тоа може да помогне.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пикот на сезонскиот грип се очекува во наредните две до три недели, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој...
Терминот „празен стомак“ не се однесува само на утринските часови. Тоа е секој момент кога поминале неколку часа без оброк...
Иако чиа семките важат за „суперхрана“ поради богатството со влакна, омега-3 масни киселини и минерали, експертите предупредуваат дека нивната прекумерна...
Руски научници постигнаа медицински пробив каков што досега не е забележан во земјата: за првпат успеаја да уништат малигнен тумор...
Пушењето и загадениот воздух се главните фактори за добивање на хронично опструктивна болест на белите дробови (ХОББ). Во Македонија пациентите...
Бубрезите се тивките херои на нашето тело – постојано ја филтрираат крвта, ги отстрануваат токсините и ја одржуваат рамнотежата на...
На Клиниката за кардиохирургија за прв пат е извршена сложена електрофизиолошка процедура за лекување на тешки срцеви аритмии – интервенција...
Во текот на 43. недела од 2025 година (од 20 до 26 октомври) во земјава се регистрирани 56 случаи на...
На Клиниката за неврологија годишно се евидентираат околу пет илјади нови случаи на мозочен удар, а меѓу пациентите има и...
По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиника за неврологија утре организира отворен ден за граѓаните...