Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Европскиот парламент на денешната пленарна седница во Стразбур го усвои незаконодавниот предлог што предвидува зголемена заштита на малолетниците на интернет, вклучително и воведување минимална возраст од 16 години за пристап до социјални мрежи во целата Европска Унија. Резолуцијата беше усвоена со 483 гласа „за“, 92 „против“ и 86 „воздржани“, пренесува Ројтерс.
Предлогот повикува на хармонизирање на праговите за возраст низ сите земји членки на ЕУ: децата под 16 години да не можат да отворат профил на социјална мрежа, видео-платформа или мрежа со вештачка интелигенција без родителска согласност. Децата на возраст од 13 до 16 години би можеле да користат такви услуги само доколку родител потврди согласност.
Пратениците бараат и забрана на најштетните „адиктивни“ карактеристики – алгоритми дизајнирани да создаваат зависност, бескрајно скролање, нотификации што поттикнуваат прекумерно користење и други функции кои ја зголемуваат дигиталната зависност кај малолетниците. Резолуцијата дополнително бара стандардно да бидат исклучени сите такви опции за корисници под 18 години.
Парламентот ја потенцира загриженоста за растечката комерцијална експлоатација на децата на интернет. Платформите би требало да бидат спречени да нудат финансиски стимулации за „деца инфлуенсери“, а ЕУ треба итно да се справи со етичките и правните прашања што ги отвораат новите АИ алатки – од лажни вести до злоупотреба на длабоки фалсификати (deepfakes).
Иако предлогот не е обврзувачки, тој претставува силен политички сигнал до Европската комисија да подготви конкретни законски мерки. Иницијативата ја засилува тековната расправа во рамките на ЕУ, предводена од Грција и поддржана од Франција и Шпанија, за масовно ограничување на користењето на социјалните мрежи од страна на деца и тинејџери.
Воведувањето на минимална возраст од 16 години добива глобална поддршка. Откако Австралија прва најави таква мерка, истото го направија Малезија и Данска. Во ЕУ, Европската комисија веќе разгледува можни измени на постојните директиви во насока на ограничување на пристапот на корисници под 16 години.
Во „јазикот на Брисел“, директивата поставува цел што сите земји мора да ја постигнат, но им остава слобода сами да донесат национални закони за да се приближат до тие стандарди. Ако предлогот стане законска иницијатива, тоа би значело голема промена за милиони млади корисници во Европа и за платформите како TikTok, Instagram, YouTube и Snapchat.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Бројот на деца родени во Австрија, но без австриско државјанство, се зголемува, а според податоците за 2024 година, тие ќе...
МакедонијаСлајдер Граѓани од Македонија и Србија ѝ должат над 2,5 милиони евра на Општина Ќустендил Градоначалникот на Ќустендил објаснил дека...
Брутална пресметка меѓу две групи иселеници, Македонци и Албанци, ја вознемири јавноста во италијанскиот град Перуџа. Инцидентот, кој започнал во...
Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин откако нејзините вооружени сили подигнаа борбени авиони како одговор на интензивните...
Земјоделците кои протестираат против доцнењето на субвенциите од Европската Унија и други прашања продолжија да ги блокираат патиштата низ Грција...
Полски воени авиони пресретнаа руски извидувачки авион што летал во близина на полскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти полската...
Авионот во кој се наоѓаше началникот на Генералштабот на либиската армија исчезна од радарот над Анкара по барање за итно...
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава и воспоставија дипломатски односи меѓу двете земји. Информацијата ја...
Хрватскиот државен инспекторат донесе итна одлука за повлекување од пазарот на бебешката формула „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), поради зголемено присуство...
Советот на Европската Унија се обиде да го покрене прашањето за членство на косово, но земјите што не ја признаваат...