Вработените во Белата куќа предупредени да не се обложуваат со инсајдерски информации
10.04.2026
10.04.2026
10.04.2026
09.04.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Собранието на Македонија со 68 гласа „за” и 15 „против” го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), на местото на Марко Бислимовски кој поднесе оставка во февруари.
Ристов е дипломиран електроинженер со три децении искуство во енергетиката, хидроенергетиката и инфраструктурните системи. Владејачката коалиција го претстави како „исклучително квалификуван кадар кој ги исполнува сите законски услови”.
Опозицијата остро реагираше на изборот. Координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски, тврди дека Ристов поседува три мали хидроелектрани и има бизнис интереси преку фирмите „Алфа Инженеринг”, „Хидроенерџи Груп” и „МХЦ Козја Река”, што претставува конфликт на интереси за регулирање на цените на енергијата.
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, најави дека назначувањето ќе го оспори пред Енергетската заедница во Виена, тврдејќи дека се кршат критериумите за независност. „Регулаторната не добива арбитер, туку човек од енергетскиот бизнис со партиски багаж”, порача Мециновиќ.
Дополнителна загриженост предизвика и фактот што сопругата на Ристов, Данка Ристова, неодамна беше назначена во Судскиот совет, што опозицијата го гледа како дел од систематско поставување партиски кадри во регулаторните тела. Граѓаните кои се соочуваат со растечки сметки за енергија бараат навистина независен надзор над цените.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пратеникот на СДСМ вели дека доколку никој не се пријавува, тој ќе го стори тоа, бидејќи е време комисијата да...
Поранешниот премиер му пишал на партиското раководство за интервјуто, но не добил одговор, признавајќи дека партијата не може да се...
Вицепремиерот тврди дека клучната пречка не е Софија, туку недостатокот на одлучност во европските престолнини за проширувањето на ЕУ.
Петрушевски обвини дека покрај поткупот од 4 милиони евра, Заев договорил и процент од продажбата на 2.000 станови на бизнисменот...
Министерот Муцунски предводи делегација во Вашингтон, а Македонија е првата европска земја со ваков дијалог со актуелната администрација.
Студентите бараат испитот да се полага и на албански јазик, но Министерството за правда оценува дека протестот бил обид за...
Партијата обвини дека државни објекти кај ШИК Јелак биле продадени за четири пати пониска цена од проценетата вредност.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДС и ДУИ му продале на бизнисменот 7.743 квадрати за 1,1 наместо 4,7 милиони евра, овозможувајќи изградба...
Премиерот Мицкоски жестоко ја критикуваше опозицијата, предвидувајќи дека по следните избори СДСМ ќе стане маргинална политичка партија.
Петрушевски обвини дека претходната власт донела измени во ДУП во Тетово со кои директно му овозможила огромен градежен бизнис на...