Skip to content

Алтернатива се приклучи кон Вреди – процесот на обединување на ВЛЕН не запира

1 мин. читање
Сподели

Процесот на обединување на коалицијата ВЛЕН влезе во фаза на конкретни и неповратни одлуки, откако и Алтернатива се приклучи кон новиот политички субјект Вреди.

„Одлуката на Алтернатива едноставно го потврдува она што беше јасно за сите кои го следат овој развој. Процесот на обединување започна и не запира”, се вели во соопштението на Вреди.

Претходно, и другите конституенти на ВЛЕН – движењата БЕСА, Демократско движење и АА – го направија истиот чекор, суспендирајќи ги своите тела, демонстрирајќи политичка зрелост и висока свест за потребата од консолидација.

Од Вреди истакнаа дека обединувањето произлегува од долгогодишната потреба на Албанците за обединето, достоинствено и одговорно претставување. „Иднината им припаѓа на оние кои имаат визија и храброст да ја градат, а не на оние кои остануваат врзани за стари логики”, се вели во соопштението.