Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Армијата на Република Македонија годинава ќе добие сериозно засилување – вкупно 42 борбени возила од типот „Страјкер“, набавени од Соединетите Американски Држави. Ова го потврди министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој појасни дека веќе 17 возила се наоѓаат на пристаниште во Солун и чекаат техничка процедура за финална испорака.
Според Мисајловски, станува збор за технички амандман на веќе потпишаниот договор, кој е побаран од американска страна и се однесува на инсталација на целосната опрема и обуката на персоналот.
– Договорот за 42 борбени возила „Страјкер“ е потпишан и е во целост валиден. Ова е технички аранжман што го бараат САД, со цел возилата да бидат целосно опремени и подготвени за употреба. Оваа година сите возила ќе пристигнат – изјави министерот.
Како што беше појаснето, Министерството за одбрана е краен корисник на возилата, а тие ќе останат трајно во составот на АРМ. Во рамки на процесот е предвидена и целосна обука за нивно одржување и оперативна употреба.
Набавката на „Страјкерите“ претставува еден од најзначајните чекори во модернизацијата на Армијата и дополнително ја зајакнува нејзината интероперабилност со НАТО-сојузниците. Од Министерството нагласуваат дека техничкиот амандман не подразбира дополнителни финансиски обврски, туку усогласување со безбедносните и техничките стандарди на САД.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...