Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Министерството за внатрешни работи веќе трет ден го тестира функционирањето на системот „Безбеден град“, чија цел е воведување поголем ред во сообраќајот и поефективен надзор во урбаните средини.
Само во првите половина ден тестирање, системот регистрирал над 65.000 сообраќајни прекршоци, меѓу кои поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и други нарушувања на сообраќајните правила. Дел од граѓаните пријавија и технички проблеми со регистрацијата и работата на камерите – показател дека тестирањето се спроведува во реални услови, но и дека постои недоверба и отпор кон ваквите технологии.
Овој тип системи не е нов во регионот. Белград веќе неколку години ја користи Huawei Safe City технологијата со над 8.000 камери за следење на сообраќајот и јавната безбедност. Во Софија преку проектот „Smart & Safe City“ се следат јавниот ред, загадувањето и протокот на сообраќај. Слични системи користат и Романија и Грција, кои ги интегрираат со дронови и со брза интервенција при инциденти.
Но заеднички проблем на сите овие проекти е вандализмот. Камерите ширум Европа често се мета на кршење, бојадисување, покривање на леќите, сечење кабли и дури дигитални напади. Во Франција за време на протестите на „Жолтите елеци“ беа уништени десетици радари, во Лондон намерно беа пресечени кабли, а во Холандија хакерски напад оневозможи дел од камерите за брзина. На Балканот слични случаи се пријавени во Грција и Бугарија.
Целата ситуација покажува дека отпорот кон автоматизираните системи е глобален проблем. „Безбеден град“ ќе треба да се справи не само со техничките предизвици, туку и со потенцијални саботажи – физички и дигитални, за да обезбеди стабилна, безбедна и долгорочна функционалност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.
Извршниот одбор на СДСМ покрена постапка за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје. Партијата го обвинува дека работи за ВМРО-ДПМНЕ.
За изборот на судијата од Основниот кривичен суд се потребни 61 глас. Советот на обвинители даде позитивно мислење за четири...
Од вторник до петок Македонија ќе биде под влијание на ладен циклонски систем со врнежи и засилен ветер.
Амбасадата најави нов лет, додека досега 458 патници беа евакуирани со четири летови од Блискиот Исток.
Скопје се збогува со Драган Пароски, познатиот продавач кој и тоа што го немаше го делеше со уличните кучиња.
Полицијата спроведе интензивна контрола на моторџиите во Скопје со 91 казна и одземени мотоцикли.
ЕВН и Водовод најавија планирани прекини во Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и околината на Железничка.