Бурата „Леонардо“ ја потопи Шпанија: Итни евакуации на илјадници луѓе, армијата е на терен, патиштата се претворени во реки
04.02.2026
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Дојче банк (DB) ќе затвори околу 100 филијали во Германија до крајот на оваа година, вклучувајќи и дел од филијалите на Постбанк, која е дел од ДБ Групацијата. Оваа одлука е дел од пошироката стратегија на банката за префрлање кон дигитални услуги и постепено намалување на физичката мрежа, изјави членот на управниот одбор задолжен за приватни клиенти, Клаудио де Санктис.
Според него, сè поголем број клиенти ги користат банкарските услуги преку мобилни апликации, додека интересот за посета на филијалите континуирано опаѓа. На крајот од 2025 година, Дојче банк и Постбанк заедно располагале со нешто повеќе од 750 филијали низ Германија и опслужувале околу 19 милиони приватни клиенти, објавува „Билд“.
Паралелно со затворањето на филијалите, Дојче банк развива и асистент базиран на вештачка интелигенција, кој во втората половина од 2026 година треба да им помага на клиентите при користење на апликацијата и да одговара на основни прашања. Банката наведува дека користењето на мобилната апликација е зголемено за околу 20 проценти во последните 18 месеци.
И покрај овие промени, Дојче банк не планира целосно да ги укине физичките филијали. Во иднина тие ќе служат претежно за советување на клиентите при „важни животни одлуки“, како што се купување недвижен имот, инвестиции или земање кредити, и тоа во живо или преку видеоконсултации.
Затворањето на филијалите ќе доведе и до намалување на бројот на вработени во малопродажниот сектор, но од банката уверуваат дека нема да има масовни отпуштања. Намалувањето ќе се одвива преку пензионирања и заминувања без пополнување на слободните работни места.
Промените ќе значат и помал број банкомати, што особено ги погодува постарите клиенти. Како алтернатива, Постбанк најави можност за подигнување готовина во одредени продавници, но со задолжително користење мобилна апликација и дигитален код.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Германските економисти препорачуваат повлекување на државното злато од американските државни обврзници Неколку економисти ја повикаа германската влада да го повлече...
Минималните месечни трошоци за живот на едно четиричлено семејство во Македонија во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што претставува...
Уредите и искуствата од следната генерација, овозможени од вештачка интелигенција, ќе бидат претставени на ексклузивниот саем на компанијата до 7...
Цената на златото се искачи на историски максимум од 142 долари за грам, што е јасен аларм дека глобалниот финансиски...
Просечната годишна плата по вработен во Европската Унија во 2024 година изнесува 39.808 евра, но разликите меѓу земјите-членки остануваат исклучително...
Пазарите на стоки се познати по својата цикличност и нагли ценовни осцилации, но среброто годинава се издвои како еден од...
Ерик Трамп, кој повеќе од девет години го води бизнисот на неговиот татко Доналд Трамп, иако не поседува удел во...
Руската Централна банка спроведе прва физичка продажба на злато од државните резерви како дел од операција на Министерството за финансии,...
Шифрата MPT доминира на страницата на Македонската берза во делот за блок-трансакции, каде во последните месец и половина се забележани...
Кинескиот гигант BYD ја гради најголемата фабрика за автомобили во светот, која се наоѓа во кинескиот град Џенгжу. Градот Џенгжу,...