Skip to content

Експропријацијата го кочи булеварот од мостот Михајло Апостолски кон Керамидница

0 мин. читање
Сподели

Експропријацијата на имоти по трасата после мостот „Михајло Апостолски” го кочи пробивањето на булеварот кон Керамидница, потврди скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

„Повеќето позиции се решени по договор, каде барањата на граѓаните беа разумни. Има спор со едно семејство кое бара двојно повеќе од проценетата сума. Првото рочиште е закажано за јуни”, изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот соопшти дека работат на опција да пробијат две ленти и додека целата процедура не заврши, да се возат по нив како излез од мостот.

Сите имотноправни прашања за пречката кај Момин Поток се решени за рекордни пет месеци, со интензивирана работа на тој дел.

Оваа пролет, најави Ѓорѓиевски, ќе започне проширувањето на булеварот Борис Трајковски кон Драчево и пробивањето на улицата Љубљанска кон населбата Бардовци.