Skip to content

Ерик Трамп „потежок“ од целото семејство: неговото богатство порасна на 400 милиони долари благодарение на крипто-империјата

1 мин. читање
Сподели

Ерик Трамп, кој повеќе од девет години го води бизнисот на неговиот татко Доналд Трамп, иако не поседува удел во ниту еден од традиционалните имоти на Организацијата Трамп, денес се смета за најбогатиот член на семејството. Според најновите процени, неговото лично богатство достигна 400 милиони долари – повеќе од богатството на неговите браќа и сестри.

Причината не се луксузните недвижности по кои семејството Трамп е познато, туку криптовалутите. Најголемиот дел од неговото богатство доаѓа од уделот во American Bitcoin, компанија што се занимава со рударење и чување на криптовалути. До крајот на септември компанијата располагала со 3.418 биткоини, вредни околу 320 милиони долари по денешни цени. Со пазарна капитализација над 2 милијарди долари, уделот на Ерик од 7,3% се проценува на приближно 160 милиони долари.

„Имаме огромни аспирации да бидеме апсолутно најдобрата криптокомпанија во светот“, изјави Ерик во телевизиско гостување на почетокот од септември, пренесува Klix.ba.

Но крипто-бизнисот не е единствениот чекор што го збогати помладиот Трамп. Неговиот удел во World Liberty Financial, нов финансиски проект кој Доналд Трамп го покрена заедно со синовите Ерик, Доналд Џуниор и Барон непосредно пред изборите минатата година, му донесе дополнителни 135 милиони долари.

Со ваков раст, аналитичарите проценуваат дека Ерик Трамп станува централна фигура во новата „финансиска ера“ на семејството, која сè повеќе се оддалечува од класичниот недвижностен бизнис и се префрла кон модерните крипто-сектори.