Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
epa08520646 A view of cars going through the 'Evzoni' border crossing between North Macedonia and Greece, near the southern city of Gevgelija, North Macedonia, 01 July. Greece reopened the Evzoni border crossing with North Macedonia to EU citizens and from 14 other countries which are on a list approved by EU authorities. All travelers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country's planning for protection against the coronavirus disease (COVID-19) pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Патниците кои планираат празнично патување кон Грција за католичкиот Божик и Новата година ќе можат полесно да ги реализираат своите планови, откако грчките земјоделци најавија привремена промена во режимот на протестите и блокадите.
Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, земјоделците одлучиле да направат пауза во блокадите на патиштата и граничните премини во два временски периоди – од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година, како и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Целта на ваквата одлука, како што наведуваат земјоделците, е да им се овозможи на граѓаните и туристите непречено да патуваат и да ги поминат божиќните и новогодишните празници во Грција, без дополнителни проблеми и долги чекања на границите.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември и опфатија околу 60 блокади низ цела Грција, вклучувајќи и неколку клучни гранични премини. И покрај привременото олеснување за време на празниците, земјоделците најавуваат дека не се откажуваат од своите барања и дека по истекот на наведените периоди, протестите може повторно да продолжат.
Во меѓувреме, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека владата веќе излегла во пресрет на голем дел од барањата на земјоделците.
„Од вкупно 27 барања, 16 веќе се исполнети или се третираат позитивно, четири се во фаза на разгледување и дискусија, додека седум не можат да бидат реализирани поради спротивност со европските правила или финансиска неизводливост“, напиша Мицотакис на Фејсбук.
И покрај ова, земјоделците остануваат на ставот дека дел од клучните проблеми сè уште не се решени, поради што најавуваат дека борбата ќе продолжи и по празниците.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Поставен камен-темелник за меморијалната фонтана посветена на петте штипјани загинати во трагедијата во Кочани.
АМСМ информира за влажни коловози и снежни врнежи на повисоките делови, препорачувајќи внимателно возење.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 39 вонредни контроли, потврдувајќи значително подобрување на условите.
Градоначалникот Меџити присуствуваше на интензивната ноќна акција за чистење на улици, паркови и тротоари во пресрет на празникот.
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.
Градоначалникот на Гази Баба нареди уривање на импровизирани куќички во Керамидница изградени на државно земјиште.
Пратениците гласаат за предлогот на Владата судијата Ненад Савески да биде нов шеф на Јавното обвинителство, потребни се 61 глас.
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.