Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Лекарите кои ќе ги надминат дозволените квоти за препишување антибиотици и анксиолитици ќе се соочат со санкции, предупредуваат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Како што информираат од Фондот, минатата година е забележано зголемување од дури 23 проценти во употребата на антибиотикот „Сумамед“, лек кој, според медицинските протоколи, треба да се користи како последна линија на лекување.
Со воведувањето на системот Е-рецепт, кој треба целосно да профункционира наредната година, ќе има целосна транспарентност во терапиите што се препишуваат. Преку овој систем ќе може точно да се утврди за која дијагноза е даден одреден лек, дали дозата е соодветна и дали терапијата е оправдана.
Од ФЗО алармираат и за состојбите со медицинскиот кадар. Во изминатиот период е регистриран одлив на здравствени работници – најпрво од внатрешноста кон Скопје, а потоа и од јавното кон приватното здравство. Сепак, со зголемувањето на платите во јавното здравство, се бележат и први позитивни поместувања – дел од лекарите, како и две медицински сестри, неодамна се вратиле од приватниот сектор.
Дополнителен проблем што го нотира Фондот се хируршките одделенија во кои има лекари со плати и до 2.000 евра, кои ги користат сите додатоци, но не работат во операциона сала. Пациентите, според ФЗО, често се препраќаат во други болници, со образложение дека нема тим или услови за работа.
„На оваа практика мора да ѝ се стави крај“, порачуваат од Фондот, додавајќи дека одделенијата кои не даваат резултати треба да се затворат, а поддршката да се насочи кон оние здравствени установи и тимови кои навистина работат и испорачуваат квалитетна здравствена услуга.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...