Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Со тврдење дека девет месеци бил цел на медиумски и јавен линч, Александар Нацев, обвинет како реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, денеска во судницата ги изнесе своите воведни зборови во процесот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица.
Нацев истакна дека со неверување ја следел, како што рече, систематската злоупотреба на јавниот простор од страна на „квази експерти и безбедносни аналфабети“, при што континуирано била рушена пресумпцијата на невиност и се водела политизирана кампања против него.
„Денес сите овде сме исправени пред брутално силување на Законот за приватно обезбедување, со цел негови одредби да послужат како поткрепа на теоријата на случај на обвинителството. Пренасочувањето на одговорноста од државните институции кон обезбедувањето е малициозно и опасно“, рече Нацев, оценувајќи дека дури и Џорџ Орвел би можел да ѝ позавиди на ваквата правна конструкција.
Тој нагласи дека во текот на судењето ќе бидат презентирани докази кои, според него, ќе покажат отсуство на било каква вина или каузална поврзаност со трагедијата, додавајќи дека за време на пожарот воопшто не бил во државата.
Одбраната тврди дека Нацев не бил реален сопственик на „Рубикон“, туку ангажиран консултант и експерт за безбедност. Адвокатите укажаа и на, како што велат, противречности во обвинението, посочувајќи дека периодот во кој тој наводно бил сопственик е менуван во текот на постапката.
Еден од клучните аргументи на одбраната е дека меѓу агенцијата „Рубикон“ и клубот „Пулс“ не постоел писмен договор за физичко обезбедување, што е законски предуслов за утврдување одговорност. Според одбраната, агенцијата била само оператор на услуги, без целосна надлежност над безбедносните протоколи во објектот.
„По пожарот, обезбедувачите постапувале ризикувајќи го сопствениот живот – дејствувале како пожарникари, медицинска помош и полиција. Бројот на спасени животи зборува сам за себе“, рече адвокатот Дејан Стојчев.
Одбраната дополнително нагласи дека обезбедувачите немале обврска да го контролираат бројот на посетители, ниту да поднесат план за обезбедување до МВР, бидејќи биле ангажирани помалку од пет лица, колку што предвидува законот.
Обвинителството, пак, тврди дека „Рубикон“ немала соодветен план за обезбедување, дека биле ангажирани недоволен број обезбедувачи, меѓу кои и едно лице без лиценца, како и дека не била извршена безбедносна проверка на објектот, што овозможило внес и користење пиротехнички средства.
Со денешното рочиште завршуваат воведните зборови на обвинетите во овој судски процес.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...