Ирански амбасадор предупредува: Воени бази во Европа можат да станат легитимна цел
13.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
За изминатата недела (16-22 февруари), Институтот за јавно здравје на Македонија евидентираше 1.113 нови случаи на грип, што претставува пад од 3,2 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, здравствените власти ги предупредуваат граѓаните дека ситуацијата сè уште не е под целосна контрола.
Највисока стапка на заболеност е регистрирана кај најмладите – деца под четири години, иако во апсолутни бројки повеќе случаи се евидентирани кај возрасното население. Според возрасната структура: 621 случај кај лица на возраст 15-64 години, 185 кај деца 5-14 години, 164 кај деца под 4 години и 143 кај лица постари од 65 години.
Географски, Скопје предничи со 669 пријавени случаи, следено од Струмица со 81 и Прилеп со 61 случај. Пријавите доаѓаат од вкупно 21 здравствен центар низ земјата. Неколку општини не пријавиле ниту еден случај минатата недела.
Од почетокот на сезоната 2025/2026, во Македонија вкупно се евидентирани 14.984 случаи на грип. Против сезонскиот грип вакцинирани се 79.118 граѓани, иако интересот за вакцинација останува понизок од препорачаниот.
Здравствените власти ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат кон мерките за лична хигиена и да ги заштитуваат најранливите категории, особено малите деца и постарите лица, кои покажуваат највисока стапка на компликации при грипна инфекција.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Македонија доживува драматични температурни осцилации – утринскиот мраз и минусни температури преминуваат во речиси летни 20 степени во попладневните часови,...
Луѓето можат да го пренесат вирусот на грип уште пред да се појават првите симптоми, што е една од главните...
Луѓето кои редовно земаат додатоци на витамините Б, Ц, Д и железо може несвесно да си ја намалуваат нивната ефикасност...
Секој ден во нашето тело се произведуваат и циркулираат десетици различни хормони. Кај жените, еден хормон е особено одговорен за...
Пикот на сезонскиот грип се очекува во наредните две до три недели, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој...
Терминот „празен стомак“ не се однесува само на утринските часови. Тоа е секој момент кога поминале неколку часа без оброк...
Иако чиа семките важат за „суперхрана“ поради богатството со влакна, омега-3 масни киселини и минерали, експертите предупредуваат дека нивната прекумерна...
Руски научници постигнаа медицински пробив каков што досега не е забележан во земјата: за првпат успеаја да уништат малигнен тумор...
Пушењето и загадениот воздух се главните фактори за добивање на хронично опструктивна болест на белите дробови (ХОББ). Во Македонија пациентите...
Бубрезите се тивките херои на нашето тело – постојано ја филтрираат крвта, ги отстрануваат токсините и ја одржуваат рамнотежата на...