Skip to content

Иран му испрати план од 10 точки на Трамп – бара гаранции и укинување санкции

1 мин. читање
Сподели

Иран преку Пакистан му доставил на американскиот претседател Доналд Трамп план за завршување на конфликтот во 10 точки, пренесе Њујорк тајмс.

Според наводите, Техеран во предлогот бара гаранции дека нема да има нов напад, целосно укинување на санкциите, прекин на израелските удари и компензација за уништената инфраструктура.

Иранската страна, пак, изразила подготвеност да го отвори Ормускиот теснец, но под услов да се воведе наплата од околу два милиони долари за поминување на еден брод.

Предлогот доаѓа во момент на заострени тензии на Блискиот Исток, додека Вашингтон и Техеран се обидуваат да проценат дали постои простор за политичко решавање на кризата или конфликтот ќе продолжи да се продлабочува.

Трамп оваа иницијатива ја оценил како „сериозен чекор”, но порачал дека понудените услови не се доволни. Посебно внимание предизвика делот од предлогот кој се однесува на Ормускиот теснец – една од најважните поморски рути во светот за транспорт на енергенти. Високата цена по брод би можела да има сериозни последици врз глобалната трговија и пазарот на нафта.