Skip to content

Кина го притисна Иран да прифати примирје со САД

1 мин. читање
Сподели

Кина, најголемиот трговски партнер на Иран, го охрабрила Техеран да прифати прекин на огнот со Соединетите Држави, според двајца функционери упатени во преговорите, пренесува Associated Press.

Кинеските претставници оствариле контакти со иранските колеги за да промовираат договор за примирје. Пекинг го искористил своето влијание преку посредници, вклучувајќи Пакистан, Турција и Египет.

Кинеското Министерство за надворешни работи не реагираше веднаш на барањата за коментар, но портпаролката Мао Нинг претходно изјави дека „сите страни мора да покажат искреност и брзо да ја завршат оваа војна која никогаш не требаше да се случи”.

Таа додаде дека Кина останува „длабоко загрижена” за влијанието на конфликтот врз глобалната економија и енергетската безбедност.