Најмалку 2.000 убиени во Иран: земјата тоне во крвава пресметка со сопствениот народ
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече прекршочни казни на четири големи малопродажни синџири и на Сојузот на стопански комори (ССК), поради утврдено учество во забранет договор и усогласено делување на пазарот. Одлуката доаѓа девет и пол месеци по првичните наоди на Антимонополската комисија дека трговските компании, со посредство на ССК, се согласиле заеднички да ги одбиваат новите и зголемени ценовници што дистрибутерите ги доставувале.
Настаните датираат од февруари 2025 година, период обележан со драматични поскапувања на храната и интервенции од Владата за ограничување на цените. Иако тогаш се најавуваа значително повисоки санкции, КЗК сега изрече казни кои дел од јавноста ги оценува како симболични, особено имајќи предвид дека станува збор за некои од најголемите трговски компании во државата.
КЗК објави дека секој од четирите ланци – „Веро“, „Тинекс“, „КАМ“ и „Рептил“ – ќе плати по 3 милиони денари (приближно 50 илјади евра), додека ССК, во улога на координатор на процесот, ќе треба да уплати 1,14 милиони денари (околу 18 илјади евра).
Според Комисијата, на состанокот од 5 февруари учесниците донеле заедничка одлука да не ги прифаќаат новите ценовни листи од производителите и дистрибутерите. Со тоа се нарушила основната логика на пазарната конкуренција – наместо секој трговец самостојно да ја води политиката на набавни цени, била воспоставена координирана стратегија, што се смета за т.н. „by object“ ограничување на конкуренцијата. Овој вид договори се забранети сами по себе, без потреба да се докажуваат директни последици.
КЗК повторува дека ваквите усогласени практики сериозно го нарушуваат пазарниот баланс, го ограничуваат изборот и на крај се одразуваат врз потрошувачите преку повисоки цени и недостиг на реална конкуренција.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...