Skip to content

Момчето од масакрот во Рибникар ќе сведочи против своите родители

1 мин. читање
Сподели

Коста Кецмановиќ, момчето кое во мај 2023 година изврши масовно убиство во белградското основно училиште “Владислав Рибникар”, денес ќе сведочи во судската постапка против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.

Станува збор за второто сведочење на Кецмановиќ во рамките на постапката, во која неговите родители се обвинети за тешко кривично дело против општата безбедност – поради тоа што не го обезбедиле оружјето со кое нивниот син го извршил масакрот.

Во нападот во “Рибникар” загинаа девет ученици и еден чувар, а уште неколку лица беа тешко повредени. Случајот предизвика масовни протести во Србија и отвори широка дебата за безбедноста во училиштата и контролата на оружјето.

Судењето привлекува огромно внимание на јавноста во целиот регион. Кецмановиќ, кој во моментот на извршувањето на делото имаше само 13 години, не може кривично да одговара според српското законодавство, но неговото сведочење е клучно за утврдување на одговорноста на родителите.