Осомничен дека ја давел партнерката им избегал на полицајците низ прозорец во Битола: таа е во шелтер, тој на слобода
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Бараш уште настани? Целиот календар на концерти и настани во Македонија и регионот е на едно место.
Петок, 16 октомври, е најблискиот од новите датуми. Скопскиот бенд Допамин, кој на 3 октомври свиреше на Бела ноќ пред Операта, во Паблик рум прави караоке со инструменти во живо: бендот свири, а пее кој било од публиката. Почетокот е во 22 часот. Ако цел живот тврдите дека вашата верзија е подобра од оригиналот, ова е вечерта да го докажете пред сведоци.
Поп-дуото Дупер тргнува на есенска турнеја по македонските градови: Струмица на 20 ноември во НУЦК „Антон Панов“, Тетово на 21 ноември во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“, Прилеп на 28 ноември во НУЦК „Марко Цепенков“ и Битола на 5 декември во НУ Центар за култура. Борис Какуринов и Илчо Нечовски се појавија во 2018 година со „Не сум твој тип“, песна чие видео до 2021 надмина три милиони прегледи на Јутјуб, а во 2019 ја добија наградата „Музичко откритие на годината“ на Златна Буба Мара. Четири града за шеснаесет дена, и ниту еден од нив не е Скопје.
Павле Камилоски на 4 декември во 20 часот настапува во големата сала на Македонската филхармонија, со камерен гудачки оркестар, бенд во живо и специјални гости. Самоукиот баритон со корени од Галичник почнал како бармен на британскиот брод „Квин Мери 2“, победил на натпревар за таленти меѓу екипажот и заминал да учи пеење. Во 2022 година се вратил на „Квин Мери 2“, овојпат со свое шоу. Програмата во Филхармонијата спојува италијански канцони, македонски евергрини и негова авторска музика.
Јанг Дади настапува на 30 декември во 20 часот во Т-Арена во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Скопскиот автор почнал на 16 години, снимајќи музика на таблет во GarageBand и објавувајќи ја анонимно на SoundCloud, а пробивот дојде во 2019 година со „Пина Колада“. Седум години по таа песна, крајот на годината го дочекува на сцената на Т-Арена.
Португалскиот готик-метал бенд Мунспел на 1 април 2027 свири во Дансинг салата на МКЦ, во рамките на турнејата „God Is a Vampire“: 40 концерти во 19 земји, од 4 март до 18 април, со која бендот слави 35 години постоење. Со „Wolfheart“ од 1995 и „Irreligious“ од 1996 стана најпознатиот португалски метал-бенд во светот, а новиот албум „Far From God“ излезе на 3 јули 2026 година. Скопје е на мапата на нивната најголема хедлајнерска турнеја досега, а датумот е доволно далеку за метал-публиката од целиот регион да си го испланира патот.
Осумте настани од видеото се дел од 40 нови настани што на 11 октомври влегоа во календарот со настани. Таму се и трибјутите на Ред Хот Чили Пеперс, Елвис Присли и Арктик Манкис во Станица 26, Миле Китиќ во Загреб, 58. БЕМУС во Белград и Зостер во Нова Запа Барка, сортирани по датум и тип, со линк до продажбата на билети.
Следете нè на:
Најновите 10 вести од оваа категорија
Тамара Тодевска на 7, Аца Лукас на 11 и Влатко Стефановски на 17 декември, а календарот за декември во Скопје...
Саша Ковачевиќ настапува во Арената Борис Трајковски на 26 декември, а до Нова година Скопје има уште 23 концерти во...
Северина на 5 декември, Лепа Брена на 18 декември, обете во Арената „Борис Трајковски“, а декември во Скопје носи уште...
Јубилејната турнеја за 50 години на сцена стигнува во Арена „Борис Трајковски“, со билети од 700 денари. Покрај неа, Скопје...
Стенд-ап во Филхармонијата, кафеана во спортска сала и „Лебедово езеро“ и „Дамата со камелии“ во Операта, со билети од 650...
Првата сабота во ноември Емели Санде е во Арената, последната Весна Змијанац. Покрај нив, Скопје има уште 13 концерти.
Пијанистот што ги сними сите концерти на Рахманинов и пејачот на Хаустор свират во Македонската филхармонија во размак од три...
Три концерти меѓу 12 и 28 декември, билети од 1.050 денари - а до Нова година Филхармонијата има уште шест.
Арената „Борис Трајковски“ ги носи Дебора де Лука на 4 декември и Аца Лукас на 11 декември, а во МНТ...
Од 7 ноември до 30 декември Арената во Скопје има осум концерти, а билетите за Некст Тајм и Тодевска почнуваат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.