Битола го уредува запуштениот простор зад СВР - нови паркинзи низ градот
19.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Пикот на сезонскиот грип се очекува во наредните две до три недели, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека во овој период секоја година се бележи зголемување на бројот на пациенти кои бараат здравствени услуги поради симптоми на грип, но дека моменталната состојба не е алармантна.
– Во моментов нема зголемен број заболени за да може да кажеме дека ситуацијата е поразлична или полоша во споредба со претходните години. Сè уште не сме го достигнале пикот на сезонскиот грип за да правиме соодветна компарација, изјави Алиу.
Министерот истакна дека годинава е постигнат значаен напредок во однос на вакцинацијата против грип.
– Задоволство ми е да информирам дека оваа година, за првпат, 77.000 граѓани се вакцинираа против сезонски грип. Тоа е најдобриот и најефикасниот начин за заштита на организмот од компликации поврзани со вирусот, нагласи министерот.
Според неговите информации, во моментот останале уште околу 3.000 дози вакцини против грип.
– Граѓаните не треба да се пријавуваат преку системот за вакцинација. Доволно е директно да се јават во здравствените установи каде што може да ја примат вакцината. Ова е особено важно за чувствителните категории – постарите лица, бремените жени и здравствените работници, додаде Алиу.
Изјавата беше дадена по прес-конференцијата организирана по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Македонија доживува драматични температурни осцилации – утринскиот мраз и минусни температури преминуваат во речиси летни 20 степени во попладневните часови,...
Институтот за јавно здравје евидентираше 1.113 нови случаи на грип во текот на минатата недела, со пад од 3,2 отсто,...
Луѓето можат да го пренесат вирусот на грип уште пред да се појават првите симптоми, што е една од главните...
Луѓето кои редовно земаат додатоци на витамините Б, Ц, Д и железо може несвесно да си ја намалуваат нивната ефикасност...
Секој ден во нашето тело се произведуваат и циркулираат десетици различни хормони. Кај жените, еден хормон е особено одговорен за...
Терминот „празен стомак“ не се однесува само на утринските часови. Тоа е секој момент кога поминале неколку часа без оброк...
Иако чиа семките важат за „суперхрана“ поради богатството со влакна, омега-3 масни киселини и минерали, експертите предупредуваат дека нивната прекумерна...
Руски научници постигнаа медицински пробив каков што досега не е забележан во земјата: за првпат успеаја да уништат малигнен тумор...
Пушењето и загадениот воздух се главните фактори за добивање на хронично опструктивна болест на белите дробови (ХОББ). Во Македонија пациентите...
Бубрезите се тивките херои на нашето тело – постојано ја филтрираат крвта, ги отстрануваат токсините и ја одржуваат рамнотежата на...