Вработените во Белата куќа предупредени да не се обложуваат со инсајдерски информации
10.04.2026
10.04.2026
10.04.2026
09.04.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Родителите на загинатите деца во трагедијата во ноќниот клуб „Пулс” во Кочани на Велики Четврток пристигнаа пред Институтот за судска медицина во Скопје барајќи одговори за обдукциите и токсиколошките анализи.
Наместо конкретни информации, семејствата добија само потврда дека токсиколошките анализи биле спроведени, но без увид во резултатите. Директорот на Институтот, Александар Станков, не ги примил лично, а институцијата ги упатила на тужителството како единствен извор на информации.
„Дојдовме и ни објаснија дека сè е доставено до Обвинителството, дека сите токсиколошки анализи се спроведени и дека ќе чекаме вештачки извештај претставен на суд за разјаснување”, изјави Александар Наунов, претставник на родителите. Тој додаде дека од институцијата не добиле никакви резултати, туку само потврда дека анализите постојат.
Семејствата претходно одржале средби со надлежните кои предупредиле дека објавувањето на наодите може да го компромитира судскиот процес. Наунов објасни дека при смртта на децата биле земени примероци, но во тој момент немало опрема за тестирање, а сега кога анализите се завршени, резултатите се предадени на тужителството.
Родителите поставиле рокови за институционални одговори и најавија дека нема да отстапат додека не ја дознаат вистината за причините за смртта на нивните деца. Оваа посета е продолжение на месечните протести и барања за транспарентност од страна на семејствата погодени од трагедијата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Едно семејство бара двојно повеќе од проценетата сума, а градоначалникот најавува пробивање на две ленти додека трае процедурата.
Повеќе улици во центарот ќе бидат затворени за сообраќај поради велигденските литургии, а возачите се замолени да користат алтернативни правци.
ЕВН најави прекини на електричната енергија до 14 часот во делови од општините Центар и Ѓорче Петров поради технички работи.
Стратешкиот дијалог во Вашингтон донесе нови договори за соработка во енергетиката, дигиталната трансформација и набавка на течен природен гас од...
Македонија ќе добие 5 милиони долари од САД за зајакнување на сајбер-безбедноста и граничната полиција, најави министерот Тошковски од Стратешкиот...
Пациентите со дијабетес во Македонија со месеци се соочуваат со сериозен недостиг на инсулин, тест-ленти и сензори, а најпогодени се...
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека жичницата на Водно нема да работи денеска поради планирани технички активности.
МОН обезбеди учебник по Јазик и култура на Ромите за шесто одделение, прв пат во историјата на образовниот систем.
Стотина вработени во ЈКП Комуналец Гостивар по 13 години без здравствено осигурување конечно ќе добијат пристап до здравствена заштита.
Претседателката Силјановска-Давкова по повод 8 април нагласи дека реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции.