Skip to content

Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Света Гора – монасите исплашени излегоа надвор

1 мин. читање
Сподели

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер ја погоди Света Гора во Грција синоќа околу 21 часот. Епицентарот беше лоциран 8 километри северозападно од Кареја, со длабочина од само 5 километри.

Земјотресот беше почувствуван во Солун, Софија и делови од Македонија. По главниот удар следеа три дополнителни потреси, најсилниот со јачина од 3,3 степени.

Во Кареја се појавија бројни пукнатини во старите градби, а во Манастирот Есфигмен се откачил полилеј. За време на земјотресот се одвивала служба на Големиот канон, а исплашените монаси и поклоници истрчале надвор.

„Беше прилично силен земјотрес и го почувствувавме тресењето одоздола нагоре. Траеше и не исплаши. Полилеите се нишаа напред-назад”, опишаа монасите. Безбедносните камери од Манастирот Свети Трифон ја документирале интензивноста на потресот.

Оштетувања се пријавени во стари скитови и ќелии, а поклониците известуваат за придружно цунами на крајбрежните подрачја.