Skip to content

Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност поради ескалацијата на Близкиот Исток

1 мин. читање
Сподели

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова закажа итна седница на Советот за безбедност за 18:00 часот на 1 март 2026 година во Вила Водно, по извршени консултации со надлежните институции во врска со настаните на Близкиот Исток.

На седницата присуствуваат највисоките претставници на извршната власт: премиерот Христиjан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисаjловски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како и безбедносни и надворешнополитички експерти.

Главна тема на состанокот е проценката на безбедносните рефлексии врз Македонија по воено-политичките ескалации во регионот на Близкиот Исток. Советот за безбедност е највисокото советодавно тело задолжено за разгледување на ризиците поврзани со одбраната и безбедноста на државата, кое поднесува предлози до Собранието и Владата.

Седницата се одржа непосредно откако Иранскиот режим ја потврди смртта на врховниот лидер Аjатолах Хамнеи, ликвидиран во израелска воздушна операција врз Техеран. Тензиите во регионот продолжуваат со закани за одмаздничките удари и нови воени дејствија во земјите од Персискиот Залив.

Македонското Министерство за надворешни работи паралелно формираше кризен тим достапен 24 часа на ден за помош на македонски граѓани во засегнатите подрачја. Единаесет граѓани официјално побарале евакуација, а конзуларните служби одржуваат постојан контакт со пријавените лица.